wordpress counter

Стек панини со сенф и мајонез

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денешниот рецепт го посветуваме на неговото височество – сендвичот. Станува збор за лесен сендвич со панини лепче, стек, сенф и мајонез.

СОСТОЈКИ
• маслиново масло
• рамстек (2 парчиња по 150 гр)
• чијабата или француско лепче
• 2-3 мали лажици Дижон сенф
• 2 големи лажици мајонез
• малку зелена салата

ПОДГОТОВКА
Намастете го рамстекот и зачинете го со сол и бибер. Испечете го на скара или во сад со малку маслиново масло. Доволни се само неколку минути од двете страни, за да добие златно-кафена боја.

Пресечето го лепчето на половина. Измешајте ги сенфот и мајонезот. Намачкајте ја смесата преку лепчето. Потоа, ставете зелена салата. На крај, додадете го рамстекот. Налејте и малку од соковите кои останале од месото и преклопете го сендвичот со другото парче леб.

Related Posts with Thumbnails