wordpress counter

Супа од тиква, карфиол и морков

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е рецепт за една мошне вкусна, кремаста супа која одлично оди во овие есенски денови. Покрај тоа, мирисот и вкусот комплетно ќе ве освојат. За да се приготви, потребни се следните:

СОСТОЈКИ
● 1 главица карфиол (не многу голема)
● 4 моркови
● 200 гр тиква
● 1 главица кромид, сечкан
● малку павлака за готвење
● маслиново масло
● сол и бибер
● малку магданос, сечкан
● коцка за супа

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исечете ги карфиолот, морковите и тиквата на мали коцки. На маслиново масло, пропржете го ситно сечканиот кромид, а потоа додадете го зеленчукот и ставете вода и коцка за супа.

Чекор 2: варете на умерен оган, сè додека не омекне зеленчукот. Кога ќе биде мек, иситнете го со миксер, вратете го во садот, додадете малку павлака за готвење и зачинете по желба. Пред сервирање украсете со малку магданос.

Related Posts with Thumbnails