wordpress counter

Супа од тиква, лук и црвени пиперки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денешниот рецепт е една прекрасна супа со многу вкусови во неа. Се подготвува брзо и едноставно, а уживањето е гарантирано. За да ја приготвите, ќе ви требаат:

СОСТОЈКИ
● 300 мл пилешка супа
● 3 чешниња лук
● 1 кромид
● 1 мала тиква
● 1 црвена пиперка
● сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: излупете и исечкајте ја тиквата. Исечкајте ги и кромидот, лукот и пиперката. Запржете го првин кромидот во маслиново масло, а потоа додадете ги лукот, тиквата и пиперката. Гответе уште 5 минути.

Чекор 2: додадете ја и пилешката супа и оставете да се вари околу 25 минути (за да омекне тиквата). Потоа, целата супа ставете ја во блендер и убаво измешајте ја. Зачинете со сол и бибер и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Готвач „Вистинска крв“

„True Blood: Eats, Drinks, and Bites from Bon Temps“ Автор: Џана Собол, Алан Бол Издавач: „Chronicle Books“, САД Фановите на...

Close