wordpress counter

Таљатели со сланина, печурки и пињоли

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


За приготвување на овој рецепт ќе ви бидат потребни 25-30 минути. Кога ќе го направите првпат, ќе добиете вкусно јадење во кое веруваме дека често ќе уживате.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 400 гр таљатели
• 25 гр пињоли
• 1 голема лажица маслиново масло
• 1 пиперка, без семки, ситно сечкана
• 2 чешниња лук, ситно сечкани
• 125 гр печурки по избор, тенко сечкани
• 125 гр сланина, исечена на тенки листови и пропржена
• 1 голема лажица магданос
• 500 гр „fromage frais“ или јогурт

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: сварете ги тестенините според упатството на самото пакување. Во меѓувреме, загрејте масло на умерен оган и пропржете ги 1-2 минути пињолите со постојано мешање. Оставете да се изладат.

Чекор 2: потоа, пропржете ја и пиперката која ситно сте ја исечкале (2-3 минути) на умерен оган. Додадете ги лукот, печурките, сланината и магданосот. Намалете ја температурата и на крај додадете „fromage frais“ или јогуртот. Малку зголемете го огнот, за сите состојки да бидат топли и убаво измешајте.

Чекор 3: исцедете ги тестенините и прелијте ги со сосот. Одозгора ставете од пропржените пињоли.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Топ диети за 2012 година (4 дел) – диета на клиниката „Мајо“

Во претходните делови зборувавме за „TLC“ и „Dash“ диетите. Денес дојде на ред диетата на клиниката „Мајо“ од САД. Оваа...

Close