wordpress counter

Тестенини со инчуни

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Тестенините со инчуни слободно можете да ги сервирате како главно јадење. Се подготвува за 30-тина минути и за толку малку време добивате навистина неповторлив вкус. И да не должиме:

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
● 4 филети инчун
● едно чешне лук, ситно сечкано
● 70 гр пелати, исцедени
● 1 мала шолја црни маслинки без семки, ситно насечкани
● 2 мали лажици капари
● 2 големи лажици маслиново масло
● 2 големи лажици пире од домати
● 450 гр тестенини

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте поголема количина вода и посолете. Тестенините сварете ги според упатството на пакувањето. Во сад за пржење, загрејте го маслиновото масло и пропржете го лукот. Потоа, додадете ги инчуните и иситнете ги со вилушка. Ставете ги пелатите и добро промешајте.

Чекор 2: измешајте ги маслинките, капарито и пирето од домати. Додадете ја оваа смеса во садот со инчуни и варете сè додека сосот не добие на густина. Повремено мешајте.

Чекор 3: процедете ги сварените тестенини и вратете ги во садот. Додадете го сосот и промешајте. Повторно загрејте на слаб оган и варете уште 1 минута со постојано мешање. Поделете го јадењето во 4 чинии и сервирајте веднаш.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Сè за витамините: Витамин Е

Витаминот Е или токоферол е моќен антиоксиданс. Тоа е витамин кој се раствора во мастите и се складира во телото...

Close