wordpress counter

Тестенини со сланина и козјо сирење

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт најдобро е да го приготвите со тестенини „орзо“ кои многу личат на ориз по својата форма. Јадењето се приготвува бргу, децата го обожуваат, а може да послужи и како гарнир кон главно јадење.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 1 мала лажица сол
• 1 шолја тестенини
• 6 парчиња сланина, сечкана
• 2 млади кромитчиња, ситно сечкани
• 2 големи лажици оцет
• маслиново масло
• ½ шолја козјо сирење, дробено
• 1 голема лажица магданос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во подлабок сад ставете три шолја вода со една лажица сол и оставете да зоврие. Ставете ги тестенините и варете додека не станат „ал денте“, односно 5-8 минути. Процедете и измијте ги со студена вода за да се спречи понатамошното варење.

Чекор 2: во друг сад, пропржете ја сланината околу 8-10 минути. Додадете ги и сечканите млади кромитчиња и пржете уште три минути. Откако ќе бидат готови, префрлете ги во садот со тестенини.

Чекор 3: додадете 2 лажици оцет и попрскајте со маслиново масло. Зачинете со магданос, сол и бибер. Пред сервирање, на секоја порција додадете ѝ дробено козјо сирење.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Перничиња со јогурт

Наташа Карафилоска Гостивар Нашата редовна чита­те­лка Наташа ни испрати нави­стина посе­бен рецепт. Прекрасен спе­ци­ја­ли­тет за љубителите на тесто. СОСТОЈКИ •...

Close