wordpress counter

Топла салата од лосос и леќа

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


За денес одбравме едно навистина вкусно предјадење. Освен што се подготвува од несекојдневна комбинација на лосос и леќа, ова топло предјадење е дел од најновата Њујорк диета. Со нејзино консумирање ќе внесете доволно влакна и протеини, кои ќе ве држат сити речиси цел ден.

Рецептот се подготвува едноставно и ќе ви бидат потребни само 20-тина минути за да уживате во ова вкусно предјадење.

СОСТОЈКИ (за 2 порции)
• 1 шолја леќа
• 1 конзерва лосос
• ¼ шолја кромид, исечкан
• ½ шолја црвена пиперка, исечкана

ПОДГОТОВКА
Ставете масло во тава за пржење и загрејте го на умерен оган. Пропржете ги исечакните пиперки и кромид две до три минути. Потоа додадете го  лососот и пржете уште три до пет минути.

Тавата тргнете ја од оган и додадете ја сварената леќа. Измешајте добро, за да се спојат сите состојки. Додадете сол и бибер по вкус.

Related Posts with Thumbnails