wordpress counter

Топла салата од млади компири

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Топлата салата од млади компири е прекрасно предјадење. Се приготвува брзо и едноставно, и на тој начин ќе имате доволно време да се посветите на приготвување на ручекот.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
● ендивија
● 8-10 млади компири
● мала шолја ореви
● 5-6 ротквици
● маслиново масло
● сол и бибер
● 2 лажици милерам
● оцет балсамико
● 100 гр дробено сирење

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исечете ги на половинки или четвртинки компирите и варете ги во солена вода додека не омекнат.

Чекор 2: во меѓувреме, исечкајте ги ротквиците на тркалца, а ендивијата исечете ја на помали парчиња. Кога ќе се сварат компирите, ставете ги во сад за сервирање. Зачинете со сол и бибер и додадете милерам. Сите состојки промешајте ги внимателно.

Чекор 3: додадете ендвија, ротквици и сечкани ореви. Измешајте и сервирајте. На крај додадете дробено сирење, маслиново масло и оцет балсамико.

Related Posts with Thumbnails