wordpress counter

Туна салата, двапати

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


ТУНА САЛАТА

Позната и потврдена како една од највкусните, и се разбира најздравите риби, туната е секогаш одличен избор за било кој оброк. Изобилува со незаситени масти, оние кои му се потребни на вашето тело и му дава енергија за целиот ден. Јас ја преферирам во комбинација со млад кромид или други зеленчуци, но исто така посебен трибјут им давам на туна салатите. Ги има многу, со разни додатоци и преливи, и се разбира сè зависи од она што вие го сакате.

За оваа прилика се одлучив за две салати, кои малку се разликуваат, со тоа што посебен твист во првата даваат јајцата и копарот, а во втората краставичките и целерот. Двете изобилуваат со вкусови и се одличен апетајзер, додаток на секаква храна и прекрасно мезе. Јадете со сласт! [МАЈА БАЛША]

Туна салата со јајца

СОСТОЈКИ
• 3 тврдо варени јајца, сечкани
• 2 супени лажици копар
• 2 супени лажици мајонез
• 1 кафена лажичка лут сос, чили сос
• 2 кафени лажички сенф
• 150 г туна, исцедена од масло

ПОДГОТОВКА
Во голем сад ставете ги јајцата и копарот и убаво измешајте, потоа додадете ги сите состојки освен туната и повторно убаво мешајте додека сосовите и вкусовите се изедначат во една смеса. На крајот додадете ја туната, измешајте, и ако ви се чини дека салатата е сува, додадете уште мајонез.

Туна салата со краставички

СОСТОКИ
• 1 супена лажица паста од кисели краставички
• 1 кафена лажичка мајонез
• 1 кафена лажичка сенф
• 2 гранчиња целер, сечкан
• половина филџан кромид, сечкан
• црн бибер
• 150 г туна, исцедена од масло

ПОДГОТОВКА
Пастата од кисели краставички можете наједноставно да ја направите во блендер, но доколку не сте во можност, исечкајте ги краставичките најситно што можете. Во голем сад испасирајте ја туната со виљушка, па додадете мајонез, кисели краставички, сенф, целер и кромид, и убаво мешајте. На крајот додадете црн бибер и мешајте додека добиете убава смеса. Вака подготвената туна салата може да ја служите како додаток и како намаз.

Related Posts with Thumbnails