wordpress counter

Туна салата

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


Туна за срцето, цвекло за зајанување на крвта, краставички за тенот, морков за очите… Постојано ги слушаме овие здрави совети, а многу е тешко да ги искомбинираме во еден оброк.

Ова е рецепт кој токму опфаќа повеќе видови на зеленчук, претставува вистинска „витаминска бомба“, а воедно е многу вкусен и хранлив.

СОСТОЈКИ
• 200 гр туна во конзерва
• 1 рендано цвекло или половина тегла цвекло
• 1 свежа краставица, исечкана
• 1 зелена салата
• 2 млади кромидчиња, ситно сецкани
• 1 рендан морков
• 1 чаша слатка пченка
• 2 супени лажици сенф
• 2 супени лажици мајонез
• 1 лажичка мед
• оцет балсамико (по вкус)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Исецкајте ја ситно зелената салата. Потоа, во садот со салата додадете ги туната, цвеклото, морковот, пченката, кромидот и краставицата.

Во друг сад измешајте ги сенфот, медот, мајонезот и малку оцет балсамико. Смесата убаво измешајте ја, за да се соединат состојките. Потоа, вака приготвениот сос додадете го на салатата.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails