wordpress counter

Вечера за 15 минути

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (9 гласа, просек: 4,78 од 5)


Овој рецепт го посветуваме на сите оние кои немаат време да уживаат во готвењето или се премногу гладни за да чекаат храна за која е потребно час или два да се подготви. Оваа вечера, иако се подготвува мошне бргу, е поеднакво вкусна како и останатите специјалитети кои ви ги подарува Гурман™.

Пилешко месо со портокал и нане

СОСТОЈКИ (за 2 порции)
• 2 парчиња пилешки гради (без коска)
• 2 големи лажици маслиново масло
• сок од еден портокал
• 2 големи лажици путер
• 4 ливчиња нане, исечкано
• кора од еден портокал (по избор)

ПОДГОТОВКА
Пилешките гради ставете ги помеѓу две парчиња мрсна хартија или ставете пластична фолија врз нив и цела ваша нервоза исфрлете ја врз нив со дрвен чекан за месо. Парчињата треба да бидат со дебелина од 6 милиметри.

Во тава за пржење ставете маслиново масло и загрејте го. Потоа, ставете ги пилешките гради, налејте сок од портокал и пропржете (внимавајте да не ги препржите). Пржете од секоја страна по 6-7 минути на умерен оган.

На крај, додадете путер, нане и кора од портокал и оставете путерот да се истопи. Сервирајте.

Совет: можете да сервирате со зелена салата или со потпечен аспарагус и морков.

Related Posts with Thumbnails