wordpress counter

Вечера за десет минути: Пилешко месо со бадеми

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Доколку сте љубител на кинеската храна и ве фасцинираат нејзините специфични јадења, наместо да плаќате скапо по рестoраните, можете дома многу лесно да подготвите некое јадење.

Овој рецепт се приготвува за само 10 минути, а резултатот е прекрасна вкусна и несекојдневна вечера, која ќе ве воодушеви и вас и вашите домашни или гости.

СОСТОЈКИ
• 300 гр пилешки стек, правоаголно сецкан
• 1 кромид сецкан на кругови
• сол, бибер, кари
• 300 гр бадеми
• масло за јадење
• соја сос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Ставете ги бадемите во сад со топла вода и оставете ги малку да накиснат, за да бидат лесни за лупење. Потоа, излупете ги или поедноставно, купете бадеми без лушпа. Во сад за пржење загрејте малку масло.

Пропржете го месото, додадете го кромидот и малку вода. Динстајте неколку минути, а потоа додадете соја сос, сол, бибер и кари. Во меѓувреме, малку запржете ги бадемите. На крајот, додадете ги во пилешкото месо.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails