wordpress counter

Зачинет туна стек со таљатели

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денешниот рецепт го посветуваме на една одлична комбинација помеѓу риба и тестенини. Станува збор за туна стекови со таљатели.

Времето на подготвка е 15 минути, а готвењето околу 12 минути. За половина час пред вас ќе имате нешто што вашите непца нема да може да го одбијат.

СОСТОЈКИ (4 лица)
• 400 гр таљатели
• 25 гр печени бадеми
• 2 зелени пиперки
• 25 гр свеж коријандер
• 1 чешне лук, издробен
• 2 големи лажици лимон
• 5 големи лажици маслиново масло
• 4 туна стекови (секој по 150 гр)
• сол и парчиња лимон

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: сварете ги тестенините во длабок сад со солена вода, согласно инструкциите на пакувањето. Доколку тестенините ги подготвувате рачно, тогаш варете ги од 8-12 минути.

Чекор 2: во меѓувреме, ставете ги печените бадеми, исечканите пиперки, коријандерот, лукот и сокот од лимон во блендер. Мешајте 10-тина секунди. Потоа, додадете го маслото, посолете и повторно изблендајте.

Чекор 3: во сад за пржење, загрејте масло. Кога ќе биде многу загреано, ставете ги стековите да се пржат (по 30-тина секунди од двете страни). Туна стековите треба да останат розови во средиштето. Пресечете го секој стек надолжно, на две половини.

Чекор 4: исцедете ги тестенините и измешајте ги со 2/3 од сосот со коријандер. Поделете ја количината во четири чинии, додадете уште малку сос и по две парчиња туна одозгора. На крај, декорирајте со парчиња лимон.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Македонското вино на промоција во САД

Заврши еднонеделната промоција на македонското вино на северно-американскиот континент. На промоциите присуствуваа реномирани дистрибутери и увозници на вино, како и...

Close