wordpress counter

Бабини панцероти

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 4,00 од 5)


БАБИНИ ПАНЦЕРОТИ (Q, A, O, P, Space • Flickr)

Луѓето кои јадат, а особено оние кои готват со тесто, знаат дека разликата помеѓу пита со јаболко, пита со сирење или со шунка, не е во филот. Разликата ја прави самото тесто, односно неговиот посебен израз при јадење. Тестото кое е меко однатре, крцкаво однадвор, а вкусно на свој посебен начин, ја прави питата, кифлата, ѓеврекот, панцеротата или пак крофната – уникатна. Затоа, уште од дамнешно време, големите мајстори на храната истражувале и барале свои уникатни состојки кои ќе го направат тестото токму такво, какво што сите го сакаме. Нашите баби го прескокнале научно-истражувачкиот дел, но се задржале на конзервација на уникатните рецепти, со кои нивните мајки и баби подготвувале теста кои се топат во устата.

Овој рецепт, јас го знам по мирис и вкус повеќе од 2 децении, но практично го научив неодамна, кога по желба на баба ми успеав да ги направам нејзините панцероти.

Поискусните можеби ќе се зачудат зошто во тестото се става и квасец и ладно млеко, но нека не ве буни тоа. Јас искрено не знам зошто е така, а баба вели: „Затоа што така треба да биде!“ Како и да е, таа знае најдобро, јас само знам дека тестото излегува преубаво, при пржењето панцеротите нараснуваат, а не впиваат многу масло. Одлично оди со јогурт или со домашна матеница, или пак кечап и нешто слично на тоа. Пријатно јадење! [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ (за четворица)

ТЕСТО
• ½ кг брашно
• 1 литар јогурт
• 1 јајце
• 1 квасец
• ½ прашок за печиво
• 1 децилитри ладно млеко

ФИЛ
• сланина или шунка
• меко рендано сирење
• босилек

ПОДГОТОВКА
Сите состојки за тестото измешајте ги и добро замесете ги (додека тестото не престане да се лепи за прстите). Ставете го во намастено кесе, 2 часа во фрижидер. Сирењето изрендајте го, а шунката ситно исечкајте ја. Посолете со зачинот и измешајте ги. Кога тестото ќе нарасне, земете една рака тесто, размесете го доста тенко, а потоа половина намачкајте го со филот. Преклопете го и добро притиснете ги краевите на тестото. Пржете ги во многу масло.

Related Posts with Thumbnails