wordpress counter

Јагнешко месо со суви сливи

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Комбинацијата на слатко и солено веднаш нѐ асоцира на кинеската храна или некоја друга егзотична кујна. Во нашата традиционална македонска кујна, исто така има јадења кои се слатко – солени. Јагнешкото со суви сливи е стар дебарски рецепт, кое е пренесуван од колено на колено. Не бил многу омилен во минатото, но денес, поради прифатеноста на оваа комбинација на вкусови, доживува популарност.

Сестрата на праската и бадемот, сливата, е природен антиоксиданс полн со витамини и минерали, ги чува белите дробови, ја блеснува кожата, штити од рак во усната празнина и алцхајмеровата болест. Здружени, јагнето и сливата, значително ја подобруваат крвната слика и збогатуваат со железо, кое често на сите ни недостасува во организмот.

Овој рецепт креиран од нашите предци, за подобрување на нашето здравје, е многу лесен и едноставен за приготвување, а притоа многу вкусен за тие кои се љубители на оваа комбинација.

СОСТОЈКИ
• 1 кг јагнешко месо со коска
• 1 кг суви сливи (без семки)
• 1 кромид
• 3 супени лажици масло за јадење
• морска сол
• црвен пипер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Првин се динста ситно исецканиот кромид. Откако ќе зарумени, се додава јагнешкото месо. Се пропржува месото, дури не побели, а потоа се прекрива со вода. Откако добро ќе се свари, се додаваат сувите сливи, морска сол и малку црвен пипер. Сите состојки се динстаат, сѐ додека не омекнат сливите. Ручекот е готов.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails