wordpress counter

Како да приготвите сушени домати?

Со оглед дека во овој период имаме домати во изобилство, може да приготвите и сушени домати. Она што ќе ви биде потребно покрај домати, се многу труд и многу сонце.

За почеток проверете ја временската прогноза. Ќе ви бидат потребни 3-4 сончеви денови по ред. Потоа, тргнете во набавка. Ќе ви требаат околу три килограми домати и неколку дрвени кутии за овошје кои може да ви ги подари некој љубезен продавач на овошје и зеленчук. Освен тоа, ќе треба да набавите 1 литар маслиново масло, неколку чешниња лук, неколку листови босилек, малку рузмарин, сол и бибер.

Доматите исечете ги на половина и отстранете ги семките. Наредете ги на дното на дрвената кутија со лушпата кон доле. Наредете ги само во еден слој. Посолете и ставете бибер. Потоа додадете рузмарин и ставете ги на место каде ќе ги фаќа сонце. На крајот на денот, кутијата внесете ја во затворен простор, а следното утро повторно изнесете ја на сонце.

По три дена сончање, доматите ќе потемнат и ќе почат да се собираат. Лушпата отстранете ја рачно и потоа ставете ги во стерилизирани тегли во кои сте ставиле маслиново масло. Додадете малку бибер во зрно, лук и босилек.

Вака приготвените домати се одлични за во сендвичи, канапе, сосови за тестенини или да ги сервирате со сирење и потпечен леб.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Freixnet, Mederano Tinto Lieblich 2009

Лична карта Вид: црвено вино Сорта: „Tempranillo“, „Monastrell“, „Garnacha“, „Cabernet Sauvignon“ Берба: 2009 Производител: „Freixnet“ Температура на послужување: 15-17 степени...

Close