wordpress counter

Кроасан кифлички

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (13 гласа, просек: 4,54 од 5)


Денес ви подаруваме рецепт за кроасан кифлички. Ниту една забава, домашна веселба или коктел, не може да се замислат без овој специјалитет. За да не бидат обични кифлички (за кои веруваме дека го знаете рецептот), ние ви предлагаме кроасан кифлички.

СОСТОЈКИ
• 1кг брашно
• 1 свеж квасец (40гр)
• 1 голема лажица сол
• 1 мала лажица шеќер
• 1 мала лажица брашно
• 1.5 дл млака вода
• 6 дл млеко
• 300 гр маргарин

за премачкување
• 1-2 жолчки
• малку сол
• сусам

ПОДГОТОВКА
Издробете го свежиот квасец во мал сад, додадете по 1 мала лажица шеќер и брашно и ставете 1.5 дл млака вода. Оставете квасецот да нарасне. Потоа, во брашното додадете ги квасецот, солта и млекото. Замесете го тестото (ако е потребно додадете брашно), кое мора да биде меко и да не се лепи.

Со оглед дека не мора да чекате тестото да стаса, исукајте го на 1 цм дебелина и на половина од тестото намачкајте го рамномерно маргаринот. Потоа, преклопете го тестото и повторно размесете го и тоа повторете го три пати во период од 20 минути. Се остава да отстои најмалку 2 часа во фрижидер.

Потоа, размесете го тестото со дебелина од 0.5-1 см, исечете го на квадрати и потоа секој квадрат на дијагонала, за да добиете триаголници. Смотајте ги кифличките и потоа наредете ги во тава за печење, во која претходно сте ставиле хартија за печење.

Оставете кифличките да се зголемат, премачкајте ги со жолчка, попрскајте со сусам и ставете ги да се печат на температура од 200℃ околу 12 минути. Во текот на печењето, ставете сад со вода во рерната, со цел да не се исуши тестото.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails