wordpress counter

Леб со кисело тесто, чоколадо и суво грозје

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денес ви предлагаме еден рецепт кој не е карактеристичен за нашето поднебје, но е вистински специјалитет. Кога ќе го понудите некому, не веруваме дека ќе го одбие.

Киселото лепче се приготвува по рецептите на нашите баби, па поради тоа бара и стартер култура.

СОСТОЈКИ
● 200 гр суво грозје
● 80 гр чоколадо
● 330 гр бело брашно
● 1 ½ мала лажица сол
● 2 ½ големи лажици какао во прав
● 250 мл топла вода
● 170 гр стартер култура за леб

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: измешајте ги сувото грозје и чоколадото кое претходно сте го искршиле на парчиња. Во помал сад, измешајте ги брашното, солта и какаото во прав. Тоа е сувата смеса. Во друг, поголем сад, промешајте ги водата и стартер културата. Мешајте сè додека не добиете хомогена смеса. Тоа е влажна смеса.

Чекор 2: сувата смеса и смесата со чоколадо додадете ги кон влажната смеса. Пренесте ја целата смеса во садот каде што стоела сувата смеса и затворете. Оставете да стои 10 минути. Потоа замесете го тестото. Повлечете го тестото нагоре, притиснете во средина и вратете го во садот. Повторете го ова 8 пати. Целиот процес на месење не треба да трае повеќе од 15 секунди. Повторно затворете го садот и оставете да отстои 10 минути.

Чекор 3: повторете го два пати месењето на тестото по ист принцип. Меѓу двете месења повторно оставете да стои 10 минути. По второто месење, затворете го садот и оставете го тестото да стои 1 час. Кога двојно ќе нарасне, притиснете го тестото за да излезе воздухот.

Чекор 4: наросете ја работната површина со брашно и ставете го тестото. Поделете го на два еднакви дела и направете топки од нив. Ставете ги една до друга во сад и оставете повторно да се зголемат двојно (овој дел од процесот може да потрае 3-6 часа).

Чекор 5: околу 20 минути пред лебот да го ставите во рерна, загрејте ја на 240 степени. Ставете го садот за печење да се загрее, а потоа налејте шолја вода. Лебот ставете го на работна површина. Наросете брашно врз него и со ребрест нож направете крст или икс на горниот дел.

Чекор 6: обложете го садот за печење со хартија за печење и ставете го лебот во него. Налејте ја водата и ставете да се пече. Намалете ја температурата на 220 степени. Печете околу 30 минути.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Ако сакате „Нутела“ мора да пробате и „Џандуја“

Ако сè уште не сте го сретнале овој збор, треба да знаете дека станува збор за слатко чоколадо во кое...

Close