wordpress counter

Македонска салата

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


СУВИ ПИПЕРКИ • ©Александар Манчевски

Во светот на салатите, постои достојно место каде се сместени нашите традиционални комбинации на зеленчук. Ако тоа место сè уште не е вистинско достапно во светот, ние на овој начин ќе се потрудиме да им обезбедиме на сите пристап до вкусовите на нашата земја.

И овој пат создаваме нова приказна, но со вовед, заплет и расплет во вкусни балкански пиперки, добро познатите вкусови на домашна салца и лук и се разбира, меракликсо уживање како што само ние знаеме. Повелете! [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ
• 20 суви пиперки (лути и благи)
• 200 г доматно пире (салца)
• 2 главички лук
• малку вода
• масло
• сол

ПОДГОТОВКА
Измијте ги добро пиперките и ставете ги во рерна на 50°С да се сушат. Извадете една пиперка и скршете ја. Доколку пука во рацете тогаш пиперките се готови. Извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат. Во сад за толчење ставете неколку скршени пиперки (вадете го семето) и толчете со дрвен толчник. Додајте веднаш малку врела вода и толчете за да добиете од пиперките густа смеса. Ова повторувајте го сѐ додека не се потрошат пиперките. Истолчете го лукот со сол и во него ставете ги пиперките, додајте го доматното пире и залејте со маслото. Досолете по вкус.

Црвена пиперка
лат. Capsicum annuum

Има големи количини на витамин Ц и бета-каротин. Покрај тоа, таа е добар извор на витамин Б и витамин Б6, како и магнезиум и калијум. Нутрициски, вака изгледа профилот на 100 г црвена пиперка:

• Енергетска вредност: 40 kcal/170 kJ
• Јагленохидрати: 8,8 г (шеќери 5.3 г, диетални влакна 1.5 г)
• Масти: 0.4 г
• Протеини: 1.9 г
• Вода: 88 г

Related Posts with Thumbnails