wordpress counter

Пекарски кифли

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Кифлите се вистински евергрин во секоја кујна. Постојат мал милион начини како да ги подготвите. Овој пат, најдовме оригинален рецепт за пекарски кифли. Ви го откриваме тајниот рецепт, чуван преку 20 години.

СОСТОЈКИ
• 1 кг брашно
• 100 гр путер
• 2 мали лажици сол
• 2 мали лажици шеќер
• 25 гр свеж квасец
• 4 дл вода
• 1 голема лажица разреден оцет
• 1 дл млеко

ПОДГОТОВКА
Во пластичен сад ставете брашно, сол и путер. Малку загрејте го млекото и во него додадете ги квасецот и шеќерот. Откако квасецот ќе се спои со млекото, ставете го во садот со брашно. На крајот, додадете топла вода, во која сте ставиле една лажица разреден оцет. Потоа замесете ја смесата за да стане хомогена. Тестото мора да се одвојува од садот.

Кога ќе завршите со месење, покријте го садот и оставете го тестото да отстои околу 50 минути. Потоа, преместете го во друг сад и оставете го уште 25 минути.

Откако тестото доволно ќе отстои, набрашнете ја работната површина и ставете го тестото на неа. Од тестото направете 15 топчиња и оставете ги да отстојат 10 минути.

Секое од топчињата, расукајте го надолжно со помош на сукало. Откако ќе добиете овална форма, започнете да ги мотате кифлите одозгора надолу, притискајќи го тестото со една дланка. Кога ќе стигнете до средина, продолжете притискајќи со двете дланки, сѐ додека не дојдете до крајот. Истата постапка повторете ја и со другите топчиња тесто.

Покријте ја тавата за печење со пекарска хартија и наредете ги кифлите. Оставете да отстојат околу 15 минути да нараснат. Секоја кифла премачкајте ја со вода, посолете ја и печете ги околу 12 минути во загреана рерна на температура од 250℃.

Кифлите може да ги комбинирате со безброј други продукти. Тоа го оставаме на вашата фантазија.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails