wordpress counter

Пита од компири и зачини

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова рустикално јадење можете да го сервирате како прилог кон главното јадење или како посебен солен деликатес. Што и да одберете – нема да погрешите.

СОСТОЈКИ (за 8 лица)
● 1.3 кг компири
● 1 голема лажица мајчина душица
● сол
● свежо мелен црн бибер
● 5 големи лажици путер
● 1 голема лажица маслиново масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: компирите треба да се сварат во поголема количина солена вода. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата и варете во полупокриен сад уште 20-25 минути. Компирите префрлете ги во цедалка, измијте ги со студена вода и исушете ги. Потоа, ставете ги во чинија и оставете целосно да се изладат.

Чекор 2: откако ќе се изладат, компирите треба да се излупат и изрендаат. Додадете мајчина душица, 1 ½ мала лажица сол, ¾ мала лажица бибер, 2 лажици истопен путер и добро измешајте. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на температура од 190 степени.

Чекор 3: во огноотпорен сад за печење загрејте масло и 1 лажица путер. Додадете ја смесата со компири. Загрејте на умерен оган и со помош на спатула притиснете и израмнете ја смесата. Намалете ја температурата и оставете уште 5 минути на оган. Потоа, ставете го садот во рерна и печете уште 10 минути. Премачкајте го врвот со преостантиот путер и печете уште 4-7 минути.

Чекор 4: извадете го садот од рерна и со спатула одвојте ја питата од краевите на садот. Исечете на парчиња и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails