wordpress counter

Посна пита со печурки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, просек: 4,25 од 5)


Се ближи еден од најголемите христијански празници – Велгиден. Оваа недела е недела на строг пост. Затоа, ние ви предлагаме едно посно јадење. Секако, да не се разбереме погрешно, не е само посно, туку и многу вкусно. Оваа пита со печурки е вистински избор за деновите пред Велигден.

СОСТОЈКИ

за тесто
• 450 гр брашно
• 2 дл млака вода
• малку шеќер
• 10 гр квасец
• 5 лажици масло
• 1 лажица оцет
• 1 мала лажица сол

за премачкување
• 100 гр маргарин
• 2 лажици густин

фил
• малку масло
• 300 гр шампињони
• 100 гр растителен кашкавал

ПОДГОТОВКА
Додадете малку шеќер и квасец во млака вода. Оставете да се растопи.

Во брашното, додадете сол, масло, оцет и растворениот квасец. Замесете тесто. Оставете го замесеното тесто да отстои 30-тина минути.

Откако тестото ќе се подигне, земете еден дел од него и исукајте што е можно потенок круг. Премачкајте го со половина маргарин и нанесете една лажица густин. Радијално пресечете го тестото и преклопете ги деловите за да се добие топка. Завиткајте го тестото во фолија и оставете го 30 минути во фрижидер.

Постапката повторете ја и со втората половина маргарин и тесто.

По 30-тина минути, нанесете брашно на работната површина и развијте што потенка кора и наредете ја со фил. За да го подготвите филот, малку пропржете ги исечканите шампињони и зачинете ги по желба.

Откако ќе ги ставите шампињоните, изрендајте малку кашкавал. Тестото може да го завиткате како штрудла или да одберете некоја друга форма.

Пред да печете, оставете го тестото уште 15 минути. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 250℃. Печете 15 минути на 250℃, потоа намалете на 180℃ и печете додека не стане румена.

Related Posts with Thumbnails