wordpress counter

Просо со пилешко месо и кисела зелка

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денес ви претставуваме еден вистински зимски рецепт. Се надеваме дека ви останала кисела зелка. А ако не, тогаш можете да ја најдете на пазарите или во поголемите маркети.

СОСТОЈКИ
● 1 главица кисела зелка
● 2 дл просо
● сол и бибер
● кромид
● морков
● мелен сув зачин
● црвена пиперка
● копар
● малку чили пиперче
● пилешко месо

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: пропржете го кромидот, а потоа иситнете го со помош на миксер. Додадете му морков и кисела зелка. Сите состојки ставете ги во сад за варење. Налејте вода и додавајте по потреба. Динстајте околу еден час.

Чекор 2: просото, кое претходно стоело во вода, додадете го кон садот со кисела зелка. Потоа, додадете ги и пилешкото месо, сувиот зачин, копарот, чили и црвената пиперка (или мелен црвен пипер). Варете уште околу еден час, сè додека не добиете густа и кремаста текстура.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

4 минути дневно за супер тело

Според бројни истражувања, утврдено е дека вежби кои траат само неколку минути дневно може да имаат исто влијание како и...

Close