wordpress counter

Рецепти: Домашен кечап и домашен сенф

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Сенфот и кечапот се едни од додатоците кои најчесто ги користиме во готвењето или при правењето брзи и едноставни оброци како што се сендвичите. Затоа, денес ви ги претставуваме токму овие два рецепти.

Домашен сенф

СОСТОЈКИ
• 1/3 шолја семки од синап
• 3 лажици сенф во прав
• ½ шолја оцет
• ½ шолја темно пиво
• 2 чешниња лук
• ¼ шолја кафен шеќер
• ¾ мала лажица сол
• ½ мала лажица ѓумбир во прав
• ¼ мала лажица чили во прав

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во сад измешајте семки од синап, сенф во прав и оцет. Покријте го садот со пластична фолија и оставете смесата да отстои 3 часа на собна температура. Во сад за пржење ставете ги пивото, лукот, шеќерот, солта, ѓумбирот и чилито. Пржете на умерен оган. Потоа, додадете ја смесата од сенф. Откако ќе проврие, намалете го огнот и варете уште 5 минути.

.

Домашен кечап

СОСТОЈКИ
• 20-тина домати
• 1 главица кромид
• една црвена пиперка
• 1 ½ мала лажица семки од целер
• 1 мала лажица семки од синап
• 1 мала лажица чили во прав
• 1 стапче цимет
• 1 мала шолја кафен шеќер
• 1 ½ мала шолја оцет
• 1 мала лажица црвен пипер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во сад пропржете ги доматите, кромидот и пиперката. Потоа, направете пире од зеленчукот и повторно вратете го во садот. Во мала газа ставете ги семките од синап и целер, циметот и чилито и заврзете ја убаво газата. Шеќерот и вреќичката зачини додадете ги на зеленчукот и динстајте на умерен оган 25 минути. Додадете оцет и црвен пипер и варете додека сосот не се згусне. Налејте го кечапот во стерлизирани стаклени садови и добро затворете ги. Варете уште 10 минути во вода која врие. Потоа, оставете го кечапот да отстои една недела пред да го консумирате.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Видео: Најскапиот колач на светот

Компанијата за производство на десерти „Bloomsbury“ од Дубаи го произведе најскапиот колач на светот, чија цена изнесува околу 50.000 денари....

Close