wordpress counter

Супа од црвена леќа

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Супата од црвена леќа е идеален начин да бидете сити без да ја покачите телесната тежина. Имено, една порција од оваа вкусна супа, богата со диететски влакна кои заситуваат, има само 200 калории.

СОСТОЈКИ
● 2 големи лажици маслиново масло
● 1 виолетов кромид
● 4 чешниња лук, иситнети
● 3 стебленца целер, ситно насечкан
● 1 ½ шолја домати, ситно сечкани
● 1 ½ шолја леќа
● половина шолја магданос, насечкан
● сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте го маслиновото масло на умерен оган. Додадете го насечканиот кромид, лук и целер. Сите состојки мешајте ги на оган, сè додека не омекнат. Приближно 6-8 минути.

Чекор 2: засилете ја температурата и додадете ги доматите. Кратко промешајте и додадете ја леќата заедно со 6 шолји вода. Кога супата ќе проврие, намалете ја температурата и оставете полека да се вари 20-25 минути.

Чекор 3: на крајот, додадете го магданосот и зачинете со сол и бибер по вкус.

Related Posts with Thumbnails