wordpress counter

Зелени крокети

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Со оглед дека пролетта е во полн ек, денес ви претставуваме едно пролетно јадење, односно прилог кој може да го сервирате со секое главно јадење кое има месо. Времето на подготовка е 90 минути.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 500 гр компир
• 500 гр блитва
• 200 гр брокули
• 2 чешниња лук
• 1 јајце
• малку магданос
• 2-3 ливчиња свеж босилек
• 25 гр рендан пармезан
• 5 големи лажици пченкарно брашно
• сол, бибер и мускатно оревче
• малку бело брашно

ПОДГОТОВКА
Излупете го компирот и исечете го на мали парчиња. Потоа, сварете го и испасирајте го. Оставете да се излади. Отстранете ги здебелните делови на блитвата, измијте и сварете ја. Откако ќе биде сварена, измијте ја со млаз студена вода и исцедете ја уште еднаш. Иситнете ја во блендер и измешајте ја со компирот.

Брокулата разделте ја на цветови и сварете ја во солена вода. Потоа, прелијте ја со студена вода, исцедете и иситнете ја во блендер. Додадете ја на смесата од компири и блитва. Смесата добро измешајте ја.

На зеленчукот додадете му исечкан лук, зачини и едно јајце. Измешјате па додадете ги пармезанот и пченкарното брашно. Додадете сол и бибер. Смесата измешајте ја за да стане хомогена.

Со помош на супена лажица вадете дел по дел од смесата. Набрашнете ги рацете и секој дел од смесата обликувајте го во форма на цилиндар. Потоа, крокетите извлакајте ги во бело брашно и пржете на средна или висока температура со многу малку масло.

Готовите крокети редете ги на хартиени салфетки, за да се впие вишокот на масло. Сервирајте со месо.

Related Posts with Thumbnails