wordpress counter

„Pasteis de Nata“ (Португалски крофнички)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


PASTEIS de NATA - ПОРТУГАЛСКИ КРОФНИЧКИ

Можеби не толку популарни кај нас, но во светот на кулинарството португалските крофнички се еден од универзалните all time најдобри рецепти.

Оригиналниот рецепт за овие португалски крофни бил измислен од две калуѓерки во манастирот Mosteiro dos Jerónimos, близу Лисабон, и ги нарекле Pasteis de Belem. Оттогаш, рецептот бил таен и строго чуван. Некаде во 1837 г, монасите од овој манастир направиле една мала продавница во која се продавале само овие таинствени крофнички, за да соберат пари за манастирот. Од таму вкусот и уникатноста на овие крофни брзо се проширил и многу туристи почнале да го посетуваат манастирот за да ги пробаат. Денес Pasteis de Belem се попознати како Pasteis de Nata, бидејќи се прилагодени на различни начини, во различни делови на земјата, а само едни можат да го носат името на оригиналните крофни. Тоа се, се разбира, само крофните кои сè уште ги прават калуѓерките во Mosteiro dos Jerónimos. За вас кои ќе патувате во Лисабон, малата продавница кај манастирот сè уште постои и понатаму ги продава највкусните португалски крофни. Ова е дефинитивно нешто што мора да се види и проба, ако имате прилика да бидете во Лисабон. Португалците се многу внимателни и посебно се однесуваат кон нивните Pasteis de Nata и за нив говорат како за нешто свето.

Сепак, ако не можете да стигнете до Лисабон, секогаш постои опцијата да ги направите дома. Со сигурност нема да бидат вкусни како оние кои ги прават калуѓерките, но тие едноставно не сакаат да кажат што е толку посебно во нивните крофни. Да видиме што може да се направи на таа тема:

СОСТОЈКИ за 12 крофни
• смрзнато лиснато тесто
• ½ млеко
• ½ филџан слатка павлака
• 4 жолчки од јајце
• 3 супени лажици шеќер
• 2 супени лажици брашно
• малку сол
• цимет
• кора од лимон
• ванила

ПОДГОТОВКА

Пудинг
Во голем сад ставете го млекото, жолчките, шеќерот, солта, павлаката и брашното и измешајте убаво додека сè се соедини. Кога ќе имате убава смеса, без грутки од шеќер или брашно, додадете цимет, ванила и кора од лимон. Ова ставете го на умерена температура и постојано мешајте. Многу е важно млекото полека да се загрева, за да добиете убава пудинг смеса. Потоа, тргнете го на страна и оставете го пудингот да се излади (остатоците од лимонова кора отстранете ги).

Крофнички
Рерната загрејте ја на 150° С. Лиснатото тесто попрскајте го со брашно, а потоа измесете го тенко околу четврт сантиметар. Откако ќе го направите тенко, а измесено во долг правоаголник, полека мотајте го тестото нежно во ролна. Потоа, од ролната исечете еднакви парчиња со ширина од 4 сантиметри и едно по едно притиснете ги со дланките да добиете празна полу-топка. Значи, центарот на парчето, туркајте го надолу со тупаница. Вака подготвените крофнички, наредете ги во тава за печење. Наполнете ги со пудинг смесата, но не до горе, оставете барем 1 сантиметар празно, и печете ги 15-тина минути. Кога од страните на крофните ќе забележите златеникава боја, можете да ги извадите од рерната.

Pasteis de Nata може да се служат топли или ладни, но секогаш убаво попрскани со цимет одозгора. Може да ги земените за прекрасен појадок, или пак изненадувачки десерт по било кој оброк. Уживајте! [МАЈА БАЛША]

Related Posts with Thumbnails