wordpress counter

Ананас во пудинг од ванила

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е еден навистина посебен десерт. Ако на вкусовите на ананас и пудинг од ванила додадеме и малку куркума, тогаш добиваме десерт со златно-жолта боја и егзотичен вкус.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)

за тесто
● 100 гр брашно
● 40 гр путер
● 50 гр шеќер во прав
● 1 јајце

за пудинг
● 1 свеж ананас
● 1 мала лажица куркума
● 2 пакетчиња ванилин шеќер
● 1 стапче ванила
● 5 големи лажици шеќер
● 250 мл слатка павлака
● 100 мл млеко
● 2 големи лажици густин

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: измешајте го брашното и путерот. Додадете му го шеќерот во прав и изматеното јајце. Добро промешајте ги сите состојки за да добиете хомогена смеса. Распоредете го тестото на проѕирна фолија (исукајте го со дебелина од 5 мм). Потоа завиткајте го во фолијата и оставете го во фрижидер.

Чекор 2: загрејте го шпоретот на 180 степени. Излупете го ананасот и отстранете го тврдиот дел во средина. Исечкајте го плодот на коцки со големина од 1,5 сантиметри. Ставете го во огноотпорен сад и посипете со две пакетчиња ванилин шеќер. Печете 20 минути со повремено мешање.

Чекор 3: во меѓувреме, пригответе го пудингот. Пресечете го стапчето од ванила и отстранете ги семките и додадете ги во слатката павлака. Додадете го и стапчето ванила кое потоа ќе го отстраните. Ставете 1 лажица куркума и 5 лажици шеќер. Ставете ја да се вари на умерен оган.

Чекор 4: во посебен сад измешајте 50 мл млеко и 2 лажици густин. Измешајте добро. Пред да почне да врие слатката павлака, додадете ја смесата од млеко и густин и мешајте сè додека не се згусне. Кога пудингот ќе згусне, тргнете го од оган.

Чекор 5: на дното на керамички калапи распоредете го ананасот, врз него пудингот додека не се пополни калапот. Извадете го тестото од фрижидер и направете 4 кругови (со помош на чаша или кружен калап) и ставете ги на врвот на пудингот во калапот за печење. Ставете ги калапите да се печат 10-15 минути на 200 степени. Потоа оставете да се ладат барем 1 час.

Совет: од остатокот од тесто може да направите кекс кој потоа може да го консумирате со кафе. Со оглед дека овој десерт не е многу сладок, може да направите и шлаг кој ќе го нанесете одозгора.

Related Posts with Thumbnails