wordpress counter

Бадем торта

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


БАДЕМ ТОРТА

Слатко-горчлив вкус, силен, тврд и неодолив мирис… бадем. Потпечен, па искапен во чоколадо, облечен во сласно палто од ванила, омекнат во меко вкусно тесто…

Од кога не сте пробале оволку вкусна торта? Кога последен пат сте си ги излижале прстите од мерак, а носот целосно сте го брцнале во парчето божествен десерт? Се сеќавате ли кога беше кога низ целата кујна шеташе шал од мирис на бадеми… шал кој се лелее, се лепи и се обвива околу сетилата. Арома марама која ги повикува желбата и нагонот за уживање… арома знак дека се пече торта, дека се создава ремек дело… ммм, готова е! [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ
За тесто
• 150 г сенаменско брашно
• 100 г шеќер
• ½ кафена лажичка прашок за печиво
• ½ кафена лажичка сол
• 1 кафена лажичка цимет
• рендана кора од протокал
• 4 јајца
• ¼ филџан вода
• ¼ филџан масло
• ванилин шеќер
• 100 г сечкани бадеми

За глазура
• половина чоколадо за готвење
• 2 супени лажици путер
• 250 г хопла
• ¼ кафена лажичка сол
• 1 супена лажица инстант кафе
• рендана кора од портокал
• ванилин шеќер
• 400 г шеќер во прав
• 100 г толчени бадеми

ПОДГОТОВКА
Рерната загрејте ја на 175С°, а садот за печење не го замастувајте. Измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, солта, циметот и кората од портокал во голем сад. Потоа, со рака направете дупка на средина во сувата смеса. На страна одвојте ги жолчките од јајцата и една жолчка сочувајте за подоцна. Убаво изматете ги жолчките со вода. Потоа, во претходно измешаната сува смеса додадете масло, ванилин шеќер и матените жолчки во средината и мешајте со рака додека не стане глатко.

Четирите одвоени белки изматените ги во шлаг, а потоа постепено додавајте го во претходно направената смеса и мешајте. Додадете ги и бадемите на крајот. Сето тоа ставете го сад за печење, кој не е замастен и печете околу 50-55 минути. Кога тортата ќе се испече, извадете ја од рерна, превртете ја наопаку и оставете ја да се лади.

За глазура, стопете ја чоколадата со путерот на ниска температура. На страна измешајте ги хоплата со сол, инстант кафе, кора од портокал и ванила. Додека мешате, додајте ја останатата жолчка од јајце и шеќер во прав. Убаво изматете ја смесата и на крајот додајте го стопеното чоколадо и повторно убаво измешајте. Испеченото тесто тргнете го од садот за печење и ставете го на чинија за сервирање. Прекријте го целосно со глазурата од чоколадо и посипете го со толчени бадеми.

Related Posts with Thumbnails