wordpress counter

Бајадери

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 4,43 од 5)


Не веруваме дека има некој кој не ужива во овој неверојатно вкусен десерт. Инаку, бајадерите може да ги приготвувате и дома и поради тоа денес ви го подаруваме овој рецепт.

СОСТОЈКИ
• 800 гр шеќер
• ½ литар вода
• 250 гр путер
• 300 гр ореви
• 300 гр бисквити (мелени)
• 150 гр чоколадо

за глазура
• 150 гр чоколадо
• 50 гр путер
• 4 лажици масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во сад за варење се ставаат шеќерот и водата и се оставаат да провријат (внимавајте да не ја оставите смесата предолго на оган, затоа што шеќерот повторно ќе кристализира). Садот отстранете го од оган и додадете ги оревите, путерот и мелените бисквити.

Чекор 2: смесата добро се меша и потоа се дели на два дела. Во едниот дел се додава стопено чоколадо. Така ќе се добијат карактеристичните две бои на бајадерата.

Чекор 3: земете правоаголен сад и намастете го на дното. Потоа, ставете проѕирна фолија и првин ставете ја смесата со чоколадо, а по неа и посветлата смеса (смесите од чоколадо чувајте ги малку во фрижидер, за да добиете компактност). На крајот, прелијте со глазура и оставете да отстои неколку часа во фрижидер.

за глазура
Искршете го чоколадото на парчиња и стопете го на пареа, заедно со маслото. На крајот, додадете го путерот и добро промешајте.

Related Posts with Thumbnails