wordpress counter

Божиќно мени: Кокос погачи со бобинки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ви предлагаме рецепт за фин и вкусен колач од кокосово брашно и боровинки, кој одлично се комбинира со некој топол пијалак. Времето на приготвување е околу 45 минути.

СОСТОЈКИ (за 6 порции)
● 1 шолја брашно
● 1/3 шолја овесни снегулки
● ¼ шолја кокосово брашно
● 1 ½ мала лажица прашок за пециво
● ½ мала лажица сол
● 4 големи лажици путер, исечен на коцки
● ¼ шолја млеко
● ¼ шолја јогурт
● 3 големи лажици јаворов сируп
● ½ кг смрзнати боровинки
● 1 јајце
● 1 голема лажица ванилин шеќер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 250 степени. Обложете го садот со хартија за печење. Во сад со средна големина, промешајте брашно, овесни снегулки, кокосово брашно, прашак за пециво и сол. Додадете коцки путер и со рака измешајте ги сите состојки.

Чекор 2: во истиот сад додадете млеко, јогурт и јаворов сируп. Повторно промешајте, за да добиете хомогена смеса. Потоа, додадете ги и боровинките.

Чекор 3: со помош на дрвена лажица, поделете ја смесата на 6 делови во облик на топки. Распоредете ги рамномерно во садот за печење. Со мокра дланка стиснете ги топките за да добиете форма на погача со дебелина од околу 2.5 сантиметри.

Чекор 4: премачкајте го горниот дел од погачите со смеса од јајца и вода, а потоа посипете со ванилин шеќер. Печете во загреана рерна околу 12 минути. Изладете 10-тина минути пред да ги сервирате.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Дезодоранс кој може да се јаде

Американска компанија, преку здружено вложување со една бугарска фабрика за слатки, произведе бонбони кои делуваат како дезодоранс. Имено, тие испуштаат...

Close