wordpress counter

Чоко бисквит торта

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, про­сек: 4,88 од 5)

За денес ви при­го­твивме едно неве­ро­јатно слатко задо­во­лство. Ста­нува збор за чоко бисквит торта. Веру­ваме дека самото име е дово­лен пре­ди­звик да го про­чи­тате реце­птот и секако да го приготвите.

СОСТОЈКИ

за кора и црн фил
• 14 јајца
• 450 гр шеќер во прав
• 400 гр мар­га­рин
• 400 гр чоко­ладо за готвење
• 350 гр мелени бисквити

за жолт фил
• 250 мл слатка павлака
• 200 гр мелени бисквити

ПРИГОТВУВАЊЕ
Изма­тете ги белките, дода­дете шеќер во прав и матете додека не се сое­ди­нат. Потоа, жолч­ките изма­тете ги посебно, заедно со мар­га­рин, исто­пено чоко­ладо и мелени бисквити.

Во таа смеса, дода­дете ги изма­те­ните белки и шеќе­рот во прав. Потоа, сѐ убаво изме­шајте со помош на дрвена лажица.

Целата смеса поде­лете ја на два дела. Едниот дел оста­вете го за црниот фил, додека вто­риот дел поде­лете го на три една­кви дела. Корите испе­ќете ги на 250 степени.

За жолтиот фил, изма­тете ја слат­ката павлака, дода­дете мелени бисквити и промешајте.

Потоа сле­дува реде­њето. Прво кора, па црн фил и на крај жолт фил. И така со сите три кори. Гор­ниот дел може да го укра­сите со шлаг од чоколадо.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Слатки