wordpress counter

Чоко колач од само две состојки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (11 гласа, просек: 4,55 од 5)


Во период кога слободното време е вистински луксуз, овој рецепт веруваме дека не само што ќе ви заштеди време, туку и средства. Имено, се приготвува од само две состојки, но тоа не значи дека не е вкусен. Напротив, ќе уживате во него.

СОСТОЈКИ
● 4 јајца
● 250 гр „Нутела“

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: обложете кружeн калап за печење со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги јајцата со миксер (5-10 минути).

Чекор 2: загрејте ја „Нутелата“ во микорпечка и полека додадете ја кон матените јајца. Мешајте постојано со миксер. Смесата треба да биде рамномерна и хомогена.

Чекор 3: налејте ја смесата во калапот за печење и печете 20-25 минути. Пред сервирање, оставете целосно да се излади.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Кујнски прибор од сребро и дрво

Карла дел Портиљо создаде навистина уникатен кујнски прибор. Станува збор за несекојдневна комбинација од метал и дрво која изгледа навистина...

Close