wordpress counter

Чоколаден колач со ореви

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, просек: 4,50 од 5)


Ниту еден оброк, без разлика дали е во домашни услови или во некој ресторан, нема да биде некомплетен ако не заврши со вкусен и сладок десерт. Постојат безброј колачиња, во секакви форми и вкусови, кои би биле одличен финиш за секој оброк.

Еден од тие колачи е токму овој што денес ви го претставуваме – чоколаден колач со ореви.

СОСТОЈКИ
• 8 јајца
• 6 големи лажици шеќер
• ванилин шеќер
• 200 гр мелени ореви
• 400 гр чоколадо за готвење
• ½ литар слатка павлака

ПРИГОТВУВАЊЕ
Првин одвојте ги белките од жолчките и со помош на миксер направете густ шлаг. Одвоено од белките, изматете ги жолчките со белиот шеќер и ванилиниот шеќер.

Во смесата со жолчки, додадете ги мелените ореви, едно растопено чоколадо и шлагот од белки. Измешајте добро и сместа ставете ја во подлабок сад за печење (садот не го премачкувајте со путер).

Се пече 10-тина минути, во претходно загреана рерна на 180℃. Потоа, изгаснете ја рерната и оставете го колачот уште 5 минути во неа.

Во меѓувреме, растопете го останатиот дел од чоколадото за готвење и загрејте ја слатката павлака. Прелијте преку колачот и оставете да се зацврсне.

Related Posts with Thumbnails