wordpress counter

Чоколаден мус

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (12 гласа, просек: 5,00 од 5)


Мусот од чоколадо е еден од највкусните десерти кој може да го посакате. Ако имате вистински рецепт и состојки, кога ќе го вкусите, ќе помислите дека се наоѓате во рајот. Затоа, денес ви подаруваме рецепт за чоколаден мус, за кој знаеме дека ќе ви донесе незаборавни кулинарски мигови.

Време на подготовка: 30 минути

СОСТОЈКИ (за 6 порции)
• 230 гр чоколадо, издробено
• 120 мл вода
• 30 гр путер
• 3 жолчки
• 25 гр шеќер
• 300 мл слатка павлака, изматена

ПОДГОТОВКА
Стопете го чоколадото, заедно со ¼ шолја вода и путерот, во микробранова печка или со помош на двоен сад. Ако го топите со помош на двоен сад, тогаш наполнете еден поголем сад со вода и зовријте ја водата. Потоа, состојките ставете ги во помал сад кој ќе го сместите во садот со зовриена вода. Со постојано мешање, стопете ги состојките. Откако ќе се истопи, оставете 10-тина минути да се излади.

Во друг сад, измешајте ги жолчките, шеќерот и преостаната вода. Варете ја смесата на умерен оган околу 1-2 минути. Отстранете ја оваа смеса од оган и додадете ја кон растопеното чоколадо.

Потоа, садот со чоколадо ставете го во мраз и мешајте сѐ додека не се излади (5-10 минути). Чоколадото сервирајте го во плитка чинија или во посебни стаклени чаши за чоколадо. Оставете да се излади во фрижидер.

Откако ќе се излади, сервирајте го заедно со сос од малини и малку слатко од смоква.

Related Posts with Thumbnails