wordpress counter

Чоколадна торта со костени

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Еве еден рецепт за вкусен есенски десерт. Станува збор за чоколадна торта со костени. За да го приготвите ова слатко, во кое ќе ужива целото семејство, ќе ви бидат потребни следните

СОСТОЈКИ

за бисквит
● 3 јајца
● 3 лажици кафен шеќер
● 3 лажици брашно
● 1,5 лажица какао
● малку прашок за пециво

за крем
● 250 гр пире од костени
● 250 мл слатка павлака
● 1 стабилизатор за шлаг
● еден ред рендано чоколадо
● 1 ванилин шеќер
● малку рум

за карамелизирани костени
● 10 костени
● половина шолја кафен шеќер
● малку вода
● малку слатка павлака

за глазура
● 100 мл слатка павлака
● 100 гр чоколадо

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1 (бисквит): добро промешајте ги сите состојки и ставете ги во калап за печење. Печете на 180 степени околу 10 минути. Извадете од рерна и оставете да се излади.

Чекор 2 (крем): измешајте ги пирето од костени со ванилин шеќер и рум. Измешајте го шлагот со стабилизаторот и полека додавајте го пирето. На крајот додадете изрендано чоколадо и промешајте.

Чекор 3 (карамелизирани костени): Стопете го шеќерот заедно со вода. Кога водата ќе започне да создава меурчиња, додадете ја павлаката која претходно сте ја загреале. Откако карамелот ќе добие убава боја, отстранете го од оган и измешајте со иситнети парчиња костени (не пире). Оставете да се излади.

Чекор 4: прелијте го бисквитот со малку глазура (поголемиот дел да остане за крај). Оставете да се излади, па ставете го кремот. Потоа, се посипува со карамелизирани костени и на крајот се прелива со остатокот од глазура. Се остава во фрижидер неколку часа.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Ресторани за брза храна за кои не сте слушнале

Кога ќе се споменат рестораните за брза храна, на памет ни паѓаат „Мекдоналдс“, „Бургер Кинг“, „Кентаки Фрајд Чикен“. Но, во...

Close