wordpress counter

Рецепт за неа и за него: Чоколадни Brownies со пиво

Комбинацијата од чоколадо и пиво ќе ги воодушеви машките, додека жените ќе уживаат во убавото дружење, фалбите за нејзините кулинарски способности и чоколадото. Овој колач има потекло од Ирска и за подготовка ќе бидат потребни само 15-тина минути.

СОСТОЈКИ
• 4 јајца
• 100 гр шеќер
• 250 гр чоколадо за готвење
• 100 гр бело чоколадо
• 6 лажици растопен путер
• 120 гр брашно
• 60-80 гр какао
• малку сол
• 3 дл пиво (без пена)

ПОДГОТОВКА
Намастете ја тавата за печење, посипајте рамномерно малку брашно и загрејте ја рерната на 180℃.

Со миксер, изматете ги јајцата и шеќерот (околу 2 минути). На пареа, растопете ги темното и белото чоколадо и путерот. Откако ќе се изладат, додадете ги овие состојки кон смесата со јајца.

Во посебен сад, помешајте ги брашното, какаото и солта и потоа додадете ги кон смесата со јајца и чоколадо. Додадете го пивото.

Смесата за колачот ставете ја во претходно подготвениот сад за печење.Печете 30-тина минути и при тоа внимавајте колачот да остане малку влажен (кога ќе забодете нож во него, тој ќе излезе влажен и со малку колач на него).

Оставете да се излади, потоа пресечете го колачот на парчиња и сервирајте со прелив од карамел.

Related Posts with Thumbnails