wordpress counter

Чоколадни колачиња со ликер од роза

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Мали чоколадни колачиња или како што уште се нарекуваат – чоколатини, се одличен десерт за кое било време од денот. Може да се ароматизираат со најразлични ликери и зачини како цимет, кардамом, чили, бибер.

Ние денес одбравме да направиме чоколатини со ликер од роза.

СОСТОЈКИ (за 30 топчиња)
● 260 гр чоколадо
● 150 гр путер
● 110 мл ликер од роза

за наросување
● 50 гр какао во прав

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: растопете го чоколадото на пареа, а потоа додадете му го путерот кој сте го чувале на собна температура за да се растопи. Загрејте го ликерот (внимавајте да не зоврие) и со лесно мешање додадете го кон смесата од чоколадо и путер.

Чекор 2: смесата налејте ја во пластична кутија обложена со фолија. Оставете смесата добро да се излади (минимум три часа, иако најдобро е да остане во фрижидер цела ноќ).

Чекор 3: извадете ја смесата од кутијата заедно со фолијата и сечете со тенок нож парчиња со големина 2х2 сантиметри. Посипете ги со какао и сервирајте. Се чуваат во фрижидер.

Related Posts with Thumbnails