wordpress counter

Чоколадни крофни

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (10 гласа, просек: 4,60 од 5)


Веќе ве запознавме со една неверојатно вкусна книга со наслов „Чоколадо“. Во тој дух, денешниот рецепт го посветуваме на еден посебен чоколаден десерт, кој веруваме дека повеќето од вас го обожуваат. Станува збор за чоколадни крофни.

Ви презентираме еден од многуте начини на нивно подготвување, токму од книгата „Чоколадо“.

СОСТОЈКИ
• 100 гр путер
• 1 стапче ванила
• 75 гр шеќер
• 2 јајца
• 300 гр брашно
• 1 голема лажица сув квасец
• 5 дл млеко

ПОДГОТОВКА
Стопете го путерот на умерена температура и оставете да се излади. Пресечете го по должина стапчето ванила и со врвот од ножот извадете ги црните зрнца.

Во друг сад, изматете шеќер и јајца. Додадете брашно и квасец. Постепено додавајте го млекото, за да добиете релативно течно тесто.

Потоа, додадете ги путерот и зрната ванила. Ставете ги крофните во калапи и ставете ги да се печат.

Сервирајте ги додека се топли, со прелив од чоколадо или со шлаг на кој сте му додале малку какао.

Related Posts with Thumbnails