wordpress counter

Чоколадни мафини со овошје по желба

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, про­сек: 4,29 од 5)

Чоко­лад­ните десерти се едни од оми­ле­ните десерти за секого. Уште ако се иском­би­ни­рани со некое овошје, задо­во­лството е комплетно. Ние ви даваме пре­длог да под­го­твите чоко­ладни мафини со цреши.

СОСТОЈКИ
• 50 гр шеќер
• 1 вани­лин шеќер
• 100 гр мар­га­рин
• 1 јајце
• 200 мл млеко
• 2 големи лажици какао
• 150 гр бра­шно
• 1 пра­шок за пециво
• 200 гр цреши без семка
• 200 гр чоколада

ПОДГОТОВКА
Омек­нете го мар­га­ри­нот и изма­тете го заедно со шеќе­рот. Дода­дете и една кесичка вани­лин шеќер и едно цело јајце и потоа изме­шајте со мик­сер. Пре­по­ло­вете го чоко­ла­дото и една поло­вина рас­то­пете ја и изме­шајте ја во сме­сата со јајца и мар­га­рин. Дода­дете 200 мл млеко и какао. На крај, со посто­јано мешање, посте­пено дода­вајте бра­шно и пра­шок за пециво.

Изрен­дајте или ситно исеч­кајте го оста­то­кот од чоко­ла­дото и дода­дете го кон сме­сата. Потоа, дода­дете ги и цре­шите (или друго овошје по избор) и добро изме­шајте за да доби­ете хомо­гена смеса.

Хар­ти­не­ните чашки за мафини наре­дете ги во калапи, напо­лнете ги до 2/3 со сме­сата и печете на темпе­ра­тура од 180°С околу 20-тина минути.

Совет: ако сакате да дозна­ете дали мафи­ните се дово­лно печени, про­ве­рете со помош на чепка­лка. Забо­дете го дрв­цето во сре­ди­ната на мафи­нот. Ако го изва­дите дрв­цето суво, тогаш мафи­ните се под­го­твени за сервирање.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Слатки