wordpress counter

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)

Фрапе тортата е навистина освежувачки десерт за топлите летни денови. Освен што е вкусна, полна е и со бобинки, кои одлично делуваат на нашето здравје. Подготовката трае 1 час, а потоа тортата пред вас и уживајте во неповторливиот вкус.

СОСТОЈКИ

за тесто
• 75 гр марципан
• 150 гр путер
• 125 гр шеќер
• 1 кесичка ванилин шеќер
• 3 јајца
• 125 гр брашно
• малку прашок за пециво

за фил
• 1,5 ќесичка желатин
• 300 гр капини
• 100 мл сок од рибизла
• 2 големи лажици сок од лимон
• 75 гр шеќер
• 1 ќесичка ванилин шеќер
• 500 гр несолено сирење во грутки
• 400 мл слатка павлака

за декорација
• ќесичка шлаг
• рибизла

ПОДГОТОВКА
Изматете го марципанот со миксер, сѐ додека не добиете мазна смеса. Постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер и постојано матете. Потоа, додадете го путерот и јајцата, едно по едно, без да престанете со матење. На крај се додаваат брашно и прашок за пециво. Тестото се пече 25 минути на 180°С.

Откако ќе се излади, поделете го на една подебела и една потенка кора. Желатинот подгответе го според упатството на ќесичката. Во сад, изгмечете ги капините и додадете ги сокот од рибизли и лимон, шеќерот и ванилиниот шеќер. Во оваа смеса додадете го и подготвениот желатин, па потоа сирењето и изматената слатка павлака.

Тенката кора намачкајте ја со фил, преку неа ставете ја дебелата кора и потоа исфилувајте ја и неа. Декорирајте со шлаг и рибизла.

Related Posts with Thumbnails
Коментари
2 коментари
  1. Olivera Tasevska вели:

    ne sum probala ama ke ja napravam OBAVEZNO ! se sto e so ovosje sakam pa pustete uste nekoj recepti.

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Слатки