wordpress counter

Домашна „Нутела“

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Знаеме дека „Нутела“ е едно од омилените слатки на секој од нас. Некои би го дале и животот за неа (да, да не претеруваме). Со оглед дека сите толку многу ја љубиме, денешниот рецепт ѝ го посветуваме токму неа.

СОСТОЈКИ
• 1 шолја лешници
• 350 гр чоколадо, сечкано
• 2 мали лажици масло од репа или сончоглед
• 3 мали лажици шеќер во прав
• 1 мала лажица какао
• ½ мала лажица екстракт од ванила
• 1 мала лажица сол

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 175℃. Лешниците распоредете ги во сад за печење. Оставете ги во рерна околу 12 минути. Лешниците се готови кога лушпата ќе започне да се одвојува. Откако ќе ги излупите, оставете ги да се изладат.

Чекор 2: во меѓувреме, истопете го чоколадото. Мешајте, за да добиете глатка смеса. Оставете да се излади.

Чекор 3: измиксирајте ги изладените лешници, сè додека не добиете ситен прав. Потоа, додадете ги маслото, шеќерот, какаото, ванилата и солта. Миксирајте, за да добиете хомогена смеса. На крај, додаете го чоколадото и продолжете со мешање со миксер.

Оставете добро да се излади и уживајте во неповторливиот вкус.

Related Posts with Thumbnails