wordpress counter

Два здрави летни десерти

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Летото ни е пред врата. А, кога доаѓа лето, сите сакаме вкусен десерт кој ќе нѐ освежи. Љубителите на сирова храна ја консумираат истата без термичка обработка на состојките. За денес, ви предлагаме два токму такви рецепти, кои ќе ги сочуваат сите хранливи состојки на продуктите.

Киа пудинг

СОСТОЈКИ (2 лица)
• 3 големи лажици киа семки
• 2-3 големи лажици семки од коноп
• ½ шолја вода
• ½ шолја суво грозје и/или брусници
• 2 големи лажици сируп од агава или мед
• 2 банани
• ½ мала лажица ванила во прав
• 2 шолји овошје по избор
• 1 мала лажица путер од кокос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Киа семките поптопете ги 10-тина минути во вода за да набабрат. Во сад со млака вода, ставете ги и сувото грозје и брусниците. Во блендер, измешајте ги водата, семките од коноп и мед или сируп од агава. Потоа, додадете ги бананите, путерот од кокос и ванилата и мешајте сè додека не добиете изедначена и густа крема. Во кремата ставете ги киа семките, кои веќе добиеле желатинозен изглед и додадете ги сувото грозје или брусниците и овошјето по избор.

.

Чокобленд

СОСТОЈКИ (2 лица)
• 1 банана
• 1 круша
• ½ лименка кокосово млеко
• 1 мала лажица ванила во прав
• 2 мали лажици какао во прав
• 1 мала лажица гуарана
• 3 големи лажици сируп од агава
• вода

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат со најголема брзина, сѐ додека не добиете хомогена смеса.

Related Posts with Thumbnails