wordpress counter

Француски палачинки „Сузет“

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


„Crepe Suzette“ е француски десерт кој се состои од палачинки со путер, сос од карамелизиран шеќер, сок од портокал и ликер. Палачинките се сервираат фламбирани. Постојат илјадници варијатни, но денес ви го претставуваме основниот рецепт за овој светски познат десерт.

СОСТОЈКИ

за палачинки
• 110 гр брашно
• малку сол
• 200 мл млеко помешано со 75 мл вода
• 50 гр путер
• 2 јајца
• кора од 1 портокал
• 1 голема лажица шеќер

за сос
• 150 мл сок од портокал
• кора од 1 портокал
• 1 лимон, сок и кора
• 1 голема лажица шеќер
• 3 големи лажици бренди или ликер од портокал
• 50 гр путер
• малку коњак или бренди за фламбирање

ПОДГОТОВКА

за палачинки
Ставете сол во еден поголем пластичен сад и просејте го брашното. Направете отвор во средината на брашното и ставете ги јајцата во него. Измешајте добро со жица за мешање, лажица или миксер. Постепено, со постојано мешање, додавајте по малку од миксот на вода и млеко.

Растопете го путерот на оган. Ставете 2 лажици од него во тестото и измешајте. Остатокот користете го за да го намастите садот во кој ќе ги правите палачинките. Додадете кора од портокал и шеќер во тестото.

Загрејте го садот за правење палачинки. Овие палачинки треба да бидат потенки од вообичаените. Намастете го садот со путер и налејте од тестото. Испечете и повторете го процесот додека не заврши тестото. Би требало да добиете 15-16 палачинки.

за сос
Измешајте ги сите состојки, освен путерот. Растопете го путерот на умерен оган, налејте го миксот од другите состојки во тавата и ставајте ги палачинките една по една во загреаниот сос. Преклопете ги на два пати, направете ги во триаголна форма и добро натопете го во сосот.

На крајот доаѓа фламбирањето. Загрејте лажица или црпалка и ставете малку ликер или бренди во неа. Потоа, лажицата вратете ја на оган за да се загрее алкохолот. Потоа, налејте го алкохолот врз палачинката.

Сервирајте веднаш.

Related Posts with Thumbnails