wordpress counter

Ишлери

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Веруваме дека сите имате слушнато или веќе имате пробано ишлери. Овој десерт можете да го приготвите и во домашни услови:

СОСТОЈКИ (за 8 лица)

за тесто
● 200 гр брашно
● 100 гр путер
● 100 гр шеќер во прав
● 100 гр мелени ореви
● 1 жолчка

за крем
● 2 јајца
● 100 гр шеќер во прав
● 100 гр путер
● 50 гр чоколадо

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: убаво измешајте и измесете ги сите состојки во сад. Оставете го тестото во наредните 30 минути настрана. Потоа, расукајте го со дебелина од половина сантиметар. Со помош на калап направете ишлери. Распоредете ги во сад за печење кој претходно сте го покриле со масна хартија. Печете 30 минути на температура од 150 степени.

Чекор 2: за кремот, измешајте ги јајцата и шеќерот и сварете ги на пареа. Во топлиот крем додадете го чоколадото. Малку изладете и потоа додадете го путерот. Откако печените ишлери малку ќе се изладат, на половина од нив нанесте го кремот.

Чекор 3: со другата половина ишлери покријте ги оние на кои сте им ставиле крем. Вака добиените ишлери потопете ги во топено чоколадо или нанесете глазура од топено чоколадо врз горниот слој.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

„Идеал Шипка“ со нов јогурт за подобар имунитет

Млекарницата „Идеал Шипка“ ја почнува новата година со лансирање нов производ на македонскиот пазар. Станува збор за јогурт со 3,5%...

Close