wordpress counter

Капучино Браунис

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е уште едно слатко уживање кое ви го подаруваме за деновите на викендот. Претставува фантастична комбинација на колаче со вкус на кафе. Останува да го подготвите и да уживате во вистинско кафе. Ние ви го препорачуваме Caramelo™.

СОСТОЈКИ (за браунис)
• 110 гр путер
• 75 гр темно чоколадо
• 3 јајца
• 1 голема лажица еспресо
• 1 ½ мала лажица ванила екстракт
• ¼ мала лажица сол
• 85 гр брашно
• 330 гр шеќер

за бела глазура
• 180 гр бело чоколадо
• 5 големи лажици слатка павлака
• ¼ мала лажица цимет

ПОДГОТОВКА

Браунис
Загрејте ја рерната на 160°С. Тавата за печење обложете ја со алуминимуска фолија која ќе излегува од страните на тавата. Потоа, спротивно од претходната, ставете уште една фолија. Премачкајте со малку путер или испрскајте ја со масло во спреј.

Во меѓувреме, измешајте ги путерот и чоколадото во длабок сад за варење и ставете ја смесата на умерен оган, сѐ додека не се растопи чоколадото. Садот тргнете го од шпоретот, потоа постепено додадете шеќер и јајца со постојано матење. На крајот, ставете ги еспресото, ванилата и солта и промешајте со жица. Потоа, попрскајте го брашното и измешајте добро за да добиете компактна смеса. Тестото ставете го во тава за печење.

Печете го колачот сѐ додека не нарасне тестото и не добие сув изглед (приближно околу 35 минути). Оладете.

Бела глазура
Ставете го белото чоколадо во огнотпорен сад. Слатката павлака загрејте ја до вриење. Налејте ја павлаката во садот со чоколадо. Оставете околу 30 секунди и потоа промешајте, сѐ додека чоколадото не се растопи. Оставете да се излади, околу 25 минути.

Откако ќе се излади (доволно да може да се истури), глазурата налејте ја врз тестото. Испрскајте со цимет и оставете да се излади уште најмалку 2 часа. Исечете го колачот на коцки или триаголници.

Related Posts with Thumbnails