wordpress counter

Карамелизиран пудинг

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт е убав начин да ги изненадите вашите гости со вкусен десерт. Му дава една нова димензија на пудингот и го прави токму онаков каков што треба да е крајот на оброкот – посебен.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 2 шолји слатка павлака
• ½ шолја шеќер
• 3 жолчки од јајца
• малку морска сол
• малку ванила

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на температура од 150℃. Налејте ја слатката павлака во сад за готвење. Додадете ванила. варете ја павлаката на слаб оган.

Чекор 2: во друг сад ставете 2 големи лажици шеќер и 1.5 голема лажица вода. Мешајте на умерен оган, додека не се растопи шеќерот. Засилете го огнот и оставете малку да проврие.

Чекор 3: полека налевајте ја топлата павлака во карамелизираниот шеќер и тоа правете го при умерен оган. Кога ќе почне да врие, отстранетео го садот од шпорет. Оставете да се излади 10-тина минути.

Чекор 4: во меѓувреме, изматете ги жолчките со преостанатиот шеќер и малку сол. Додадете и малку од пудингот и добро промешајте. Полека додавајте ги остатокот од смесата, сѐ додека не се поврзе целосно. Налејте го пудингот во 4 огноотпорни садови и печете на темература од 150℃, 1-1,5 час. Изладете го пудингот најмалку 3 часа во фрижидер пред сервирање.

Related Posts with Thumbnails