wordpress counter

Колач од ореви, јогурт и ѓумбир

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


За денес ви предлагаме еден лесен колач во кој секој може да ужива. Вкусот е несекојдневен, колачот е поздрав од многу други типови на храна, а уживањето е загарантирано.

СОСТОЈКИ (5 парчиња)
● 200 гр путер, омекнат
● 100 гр мед
● 4 јајца
● 100 гр мелени ореви
● 1 пакетче ванилин шеќер
● 2 мали лажици цимет
● ½ мала лажица каранфилче
● малку сол
● малку мускатно оревче
● малку мелен ѓумбир
● 150 гр брашно
● 150 гр интегрално брашно
● 1 прашок за печиво
● 1 голема лажица рум
● 150 мл јогурт

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: изматете го путерот, а потоа додадете ги јајцата и медот и мешајте сè додека не се спојат во хомогена смеса. Во посебен сад измешајте ги двата типа на брашно заедно со прашокот за печиво и лажица по лажица додавајте во смесата со путер.

Чекор 2: ставете сол, потоа ореви, ванилин шеќер, цимет, каранфилче, мускатно оревче и ѓумбир. На крај, додадете јогурт и рум и убаво промешајте. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 180 степени.

Чекор 3: земете кружен или правоаголен калап, намачкајте го со путер и посипете малку брашно, Потоа, налијте го тестото. Израмнете ја површината и ставете да се пече околу 30 минути. Оставете да се излади.

Чекор 4: за филот, измешајте шеќер во прав, рум и сок од лимон. Посипете ја површината на колачот со оваа смеса и со сечакни ореви. Исечете го колачот  и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails