wordpress counter

Крем Бруле

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (11 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој викенд решивме да ве изненадиме со еден десерт на кој му се поклонува целиот свет. Крем Бруле е нешто навистина посебно. Нешто што не може да се спореди со другите десерти. Гурман™, тоа вкусно задоволство го носи во вашите домови.

СОСТОЈКИ (за 5 лица)
• 6 жолчки од јајца
• 75 гр бел шеќер
• 3 мл екстракт од ванила
• 600 мл слатка павлака
• 25 гр кафен шеќер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Загрејте ја рерната на температура од 150℃. Изматете ги жолчките од јајцата, додадете 4 големи лажици бел шеќер и ванила и потоа матете сѐ додека не добиете густа и кремаста текстура.

Ставете ја слатката павлака во сад за готвење и потоа загрејте ја на тивок оган. Пред да започне да врие, отстранете ја од шпоретот и помешајте ја со смесата со жолчки. Таа смеса ставете ја во помал сад , а тој во поголем сад во кој има вода која врие. Варете околу три минути и потоа отстранете од оган.

Смесата потоа ставете ја во огнотпорен сад и печете околу 30 минути. Оставете да се излади до собна температура и потоа ставете ја во фрижидер (1 час најмалку).

Во мал сад, измешајте 2 големи лажици бел шеќер и 2 кафен шеќер. Посипајте ја смесата по рабовите на тестото. Потоа, ставете ја во двоен сад, во кој долниот има вода која врие, за да се стопи шеќерот. Треба да бидете внимателни да не прегори шеќерот, затоа држете го околу 2 минути. Поедноставна варијанта би била да го стопите шеќерот и потоа да го прелиете.

Оставете да се излади во фрижидер и потоа сервирајте.

Related Posts with Thumbnails