wordpress counter

Летен колач од вишни

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е еден лесен летен колач, кој покрај со вишни може да го приготвите и со друго овошје по ваша желба. За подготoвка се потребни околу 60-тина минути.

СОСТОЈКИ (4-6 порции)
• 5 јајца
• 7 големи лажици шеќер
• 5 големи лажици брашно
• прашок за пециво
• 2 големи лажици млеко
• 1 пудинг од ванила
• 200 гр вишни
• ½ л слатка павлака

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: раздвоите ги белките од жолчките и посебно изматете ги. Потоа, измешајте ги, додадете го шеќерот, брашното и малку прашок за пециво (на врв на нож). Сите состојки добро да се измешаат со миксер и да се стават во калап за печење.

Чекор 2: загрејте ја рерната на 200℃. Кога ќе биде загреана, ставете го колачот да се пече 10-15 минути. Откако ќе се излади пандишпанот, прелијте го со варена смеса од 2 лажици млеко и 2 лажици шеќер.

за фил од вишни

Чекор 1: отстранете ги семките од вишните, ставете малку шеќер и проварете за да пуштат сок. Одвојте ги вишните од сокот,  а во сокот ставете го пудингот и варете за да се згусне.

Чекор 2: во готовиот пудинг вратете ги вишните и со тој фил намачкајте го пандишпанот. Оставете го колачот да се излади.

Чекор 3: на изладениот колач ставете изматена слатка павлака и сервирајте го ладен.

Related Posts with Thumbnails